fbpx

Грковска: Партнерството со САД е клучно во справувањето со малигните влијанија на Балканот

За жал, нагласи Грковска, „овие влијанија не се намалија со влезот во НАТО, туку се интензивираа откако земјата се соочи со нови пречки во пристапувањето во Европската Унија“

-

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска во Вашингтон учествувала воа безбедносниот форум на тема „Малигното кинеско и руско влијание на Балканот“, соопшти Владата.

Грковска во своето излагање посочила дека Северна Македонија отсекогаш била на крстосницата на различни влијанија, вклучително и оние штетните, „со кои се поткопуваше секој чекор што како држава го направивме за да станеме дел од Алијансата и да влеземе во ЕУ“.

За жал, нагласиле Грковска, „овие влијанија не се намалија со влезот во НАТО, туку се интензивираа откако земјата се соочи со нови пречки во пристапувањето во Европската Унија“.

Во таков контекст, штетните наративи, лажните вести и дезинформациите се шират пошироко и подлабоко во општеството, рекла Грковска.

„Сето тоа е во интерес на агендите на земји од кои Северна Македонија, историски гледано, никогаш не видела ништо добро. А растечкиот евроскептицизам и антизападните чувства кои организирано се зајакнуваат, можат да имаат далекусежни последици врз стабилноста на нашето општество и на целиот регион“, порачала Грковска.

Во своето обраќање вицепремиерката изразила надеж дека Соединетите Американски Држави и во иднина ќе останат наш посветен сојузник и пријател кој континуирано ги поддржува напорите на Северна Македонија за унапредување на демократијата, за владеење на правото и за градење одржливи институционални капацитети за раст и развој.

„Без партнерството со САД, ние самите не би можеле да се справиме со малигните влијанија на непријателите на слободата и демократијата, ниту да ги спречиме метастазите што продираат во кревкото ткиво на нашето општество.“, заклучила Грковска.

Во рамки на посетата на САД, утре вицепремиерката ќе учествува во Традиционалниот молитвен појадок во Вашингтон

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

На затворена седница на Судски совет се одлучува за имунитетот на врховниот судија Георгиев, уапсен за примање поткуп

По денешното апсење на врховниот судија Наке Георгиев, поради наводно примање поткуп од 10.000 евра, на полноќ заседаваше Судскиот совет во однос на тоа дали треба да му биде...