Русите си играат со животите на украинските затвореници, со чувствата на нивните најблиски и со емоциите на нашето општество, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето вечерно обраќање, пренесе „Гардијан“.
Русија ја обвини Украина дека намерно соборила руски воен транспортен авион со 65 заробени украински војници кои патувале на размена на затвореници. Украина побара целосно расчистување на околностите на инцидентот, но не потврди директно дека го соборила авионот.
„Јасно е дека Русите си играат со животите на украинските затвореници, со чувствата на нивните најблиски и со емоциите на нашето општество“, кажа Зеленски.
Командантот на воздухопловните сили Микола Олешчук ја обвини Русија дека се обидува да ја поткопа меѓународната поддршка за Украина.
„Украина има право да се брани и да ги уништи средствата за воздушниот напад на агресорите“, рече тој.