fbpx

Јан Коп до Ахмети: Две години пад на владеењето на правото, политичкото влијание врз Врховниот суд е неприфатливо

Холандскиот амбасадорот Дирк Јан Коп се сретна со лидерот на ДУИ Али Ахмети за му да ја пренесе пораката дека по двегодишен постојан пад на владеењето на правото, посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ е загрозена во политичкиот спектар

-

Холандскиот амбасадорот Дирк Јан Коп се сретна со лидерот на ДУИ Али Ахмети за му да ја пренесе пораката дека по двегодишен постојан пад на владеењето на правото, посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ е загрозена во политичкиот спектар.

Холандската амбасада во земјава на својот официјален профил на Фејсбук објави фотографија од Јан Коп со Ахмети, со дополнителна реакција во однос на „политичкото влијание врз позицијата на Врховниот суд“.

„Неприфатливо е несоодветното политичко влијание врз позицијата на претседателот на Врховниот суд, што е судска работа и случајот ќе предизвика силна реакција од Холандија“, велат од Амбасадата на Холандија.

Инаку, случајот со претседателката на Врховниот суд Беса Адеми веќе подолг период ја бранува јавноста, со оглед на тоа што станува збор за преседан и случај кој дополнително ги отвори прашањата за ионака расклатениот интегритет на Судскиот совет.

Судскиот совет поднесе иницијатива за нејзино разрешување, поднесена од страна на членот на Судскиот совет, Миљазим Мустафа. Иницијативата дојде по нејзиното интервју за порталот СДК.мк во кое Адеми отворено говореше за политички притисоци врз институцијата на која таа е прв човек со цел оживување на „амнестијата“ на претседателот Ѓорѓе Иванов и политичките математики за спас на експремиерот во бегство, Никола Груевски. Таа посочи и дека судот со којшто раководи се соочува со политички притисоци и закани од разрешување на врховни судии, а во јавноста се ширеа тврдењата дека притисоците доаѓаат токму од партијата на Ахмети.

Другиот „аргумент“ на кој се засноваше иницијативата за разрешување на Адеми беше отсуството на Адеми од седници на Судскиот совет.

Постапката за разрешување на Адеми е во тек. Таа се обрати пред дисциплинската комисија, а набрзо се очекува и одлуката дали ќе биде разрешена или ќе биде запрена постапката.

Од исходот на постапката за моја одговорност ќе зависи иднината на судството, порача претседателката на Врховниот суд

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Радев: Наскоро ќе стане јасно дали ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на евроинтеграциите

Бугарскиот претседател Румен Радев коментира дека наскоро ќе биде јасно дали новоизбраната претседателка Гордана Силјановска-Давкова и партијата ВМРО-ДПМНЕ ќе работат за европската перспектива на Скопје. Тој, како што пренесува...