fbpx

Православните христијани денеска го одбележуваат Бадник

Централното одбележување на Бадник е закажано пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Кум оваа година е Божидар Јанковски, сопственик на „Дајнерс“, а здравичар е актерот Атанас Тановски

-

Православните христијани во земјава денеска го одбележуваат христијанскиот празник Бадник. По 14 пат, во 75 градови и села во земјава и пет во дијаспората, се одржуваат бадниковите поворки, како форма на радосно здружување на децата, кои после коледарењетo во своите маала, се собираат на однапред договорено зборно место за заедно, свечено и достоинствено да поминат одредена патека пеејќи ја пригодната божиќна песна „Вечниот Бог“

Главната манифестација се одржува во Скопје на Плоштадот „Македонија“ каде на едно место се собираат коледарчињата од сите скопски општини за да ја оформат најголемата бадникова поворка што од Камениот мост ќе замине кон Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ на прием и пригодно дарување кај Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

Како што информира организаторот, здружението „Бадникови поворки“, бесплатно ќе бидат поделени 2000 божиќни ѕвезди коишто дополнително ќе го украсат свечениот настан. Ќе се организира и  Божиќен концерт на кој ќе настапат „Златно славејче“ и македонските поп-ѕвезди Вера Милошевска, Антониа Гиговска, Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Стефан (Некст Тајм) и Пере (Нокаут). Концертот ќе биде инклузивен и подеднакво ќе им овозможи и на глувите и наглуви лица да ја почувствуваат радоста на празнувањето.

Централното одбележување на Бадник е закажано пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје во организација на Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник“. Кум оваа година е Божидар Јанковски, сопственик на „Дајнерс“, а здравичар е актерот Атанас Тановски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

До 13 часот за претседател гласале 23.95 отсто а за пратеници 25.84 отсто од гласачите

До 13 часот на Претседателските избори гласале 302.158 граѓани, односно 23.95 отсто од гласачите, додека, пак, на Парламентарните избори гласале 312.070 граѓани, или 25.84 отсто. Според податоците од Државната изборна...