fbpx

Запленети над 2.600 пиротехнички средства на Бит Пазар, приведено едно лице

Импровизираната тезга му припаѓала на 33-годишен скопјанец и против него се очекува да биде поднесена кривична пријава

-

На импровизирана тезга на Бит Пазар продавал пиротехнички средства, поради што денес е приведен, а робата која се состоела од над 2.600 разновидни пиротехнички производи, е запленета.

Ова го соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР). Импровизираната тезга му припаѓала на 33-годишен скопјанец.

„Денеска (24.12.2023) на територија на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода В.В. (35) од Скопје, кој бил затекнат како на импровизирана тезга продава разновидни пиротехнички средства. Запленети се вкупно 2.619 разновидни пиротехнички средства“, соопштија од МВР, од каде додаваат дека, до документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сиљановска Давкова се сретна со ректорите на државните универзитети

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се состана со ректорите на државните универзитети „Св. Кирил и Методиј“, „Гоце Делчев“, „Св. Климент Охридски“, Државниот универзитетот во Тетово, како и универзитетот „Мајка...