fbpx

Горивата од ноќеска повторно ќе поевтинат

За два денара за литар ќе поевтинат бензините, дизел горивото и екстра-лесното масло за домаќинство

-

Поевтинување на нафтените деривати носи најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

За два денара за литар ќе поевтинат бензините, дизел горивото, како и екстра-лесното масло за домаќинство.

Новата цена на моторниот бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска ќе изнесува 76,5 денари за литар, додека бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 78,5 денари за литар.

Литар Еуродизел од вечерва на бензинските станици низ земјава ќе се продава по цена од 74 денари, додека маслото за горење ќе чини 73 денари за литар.

Се намалува и цената на мазутот, кој од вечерва ќе чини 40,572 денари за килограм.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...