fbpx

Десетици убиени во напад врз градот Деир ал Балах во централна Газа

„Имаме 45 жртви од израелското бомбардирање на куќите на три семејства во Деир ал Балах во изминатиот час“, изјави во вторникот д-р Ејад Ал-Џабри, шеф на болница

-

Десетици Палестинци починале поради израелски напад врз засолништа во кои се сместени раселените луѓе во градот Деир ал-Балах во централна Газа, вели шефот на локалната болница, пренесува Гардијан.

„Имаме 45 жртви од израелското бомбардирање на куќите на три семејства во Деир ал Балах во изминатиот час“, изјави во вторникот д-р Ејад Ал-Џабри, шеф на болницата.

Новинар на Асошиејтед прес во болницата избројал најмалку 34 тела, вклучувајќи најмалку шест деца, но не било можно самостојно да се проверат ваквите извештаи.

„Снимката од местото на настанот покажува жени како врескаат од горниот кат на разрушена куќа. Во урнатините на долниот дел, мажите извлекоа тело на дете од под плочата до запален автомобил. Во блиската болница, медицинските лица се обиделе да реанимираат младо момче и девојка, раскрвавени и неподвижни на носилки”, се наведува во новинарскиот извештај на Асошиејтед прес.

ИзворThe Guardian

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ВМРО-ДПМНЕ: Заканите на ДУИ за дестабилизација нема да нè поколебаат

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение жестоко ги отфрла обвинувањата и тактиките за поттикнување страв што ги користи ДУИ. „Македонскиот народ се изјасни низ демократските процеси, а обидите за поткопување на неговата волја...