fbpx

Обдукцијата е завршена, телото на Вања е предадено на семејството

Обдукцискиот наод треба да биде доставен до обвинителството, но оттаму нема да ги објават деталите за јавноста, поради сензитивноста на податоците. За јавноста ќе бидат достапни единствено причината и евентуално, времето на настапувањето на смртта

-

Обдукцијата на 14-годишната Вања Ѓорчевска, чие безживотно тело беше пронајдено во неделата е завршена, потврдија од Јавното обвинителство. Наодите треба да покажат кога настапила смртта кај младото девојче и на кој начин таа била убиена, со оглед на тоа што во јавноста се шират голем број различни информации.

Обдукцискиот наод треба да биде доставен до обвинителството, но оттаму нема да ги објават деталите за јавноста, поради сензитивноста на податоците. За јавноста ќе бидат достапни единствено причината и евентуално, времето на настапувањето на смртта. Деталите од обдукциските наоди се соопштуваат на судењето.

Четири лица за случајот се во притвор, меѓу кои и таткото на Вања, кој се сомничи дека ја оддал информацијата кога девојчето ќе излезе да оди на училиште, утрината на 27 ноември и дека ќе биде сама, односно без нејзината сестра. Останатите тројца, пак, ги признале делата и ја одвеле полицијата на местото на убиствата. Нивниот 48-часовен притвор завршува и се очекува вечерва судот да им го продолжи.

Главниот организатор и извршител на убиствата, според истрагата, е контроверзнит јавен лик во македонскиот простор, познат како лидер на партијата „Десна“, Љупчо Палевски Палчо. Тој е во бегство и за него е распишана меѓународна потерница.

Неколку дена пред да биде убиена Вања, убиен беше и велешанецот Панче Жежовски (74), од страна на истите лица, како што соопштија истражните органи. Со неговото возило „Цитроен“, наводно била грабната Вања од влезот од зградата во скопско Дебар Маало. Возилото потоа било запалено во близина на скопското село Бразда – истото место каде што беше пронајдено телото на Вања и место од каде што потекнува Љупчо Палевски – Палчо.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...