fbpx

Германија е единствената членка на ЕУ со повеќе потстанари отколку сопственици на имот

Вкупно 69 отсто од станарите во ЕУ се сопственици на имот, а 31 отсто се потстанари

-

Германија е единствената членка на Европската Унија каде што има повеќе потстанари отколку луѓе кои поседуваат свои куќи или станови. Минатата година уделот на Германците кои поседуваат свои домови паднал од 49 на 47 проценти, пренесува германската новинска агенција ДПА.

Во Австрија, која е втора по Германија на листата на земји од ЕУ со најмал број станари кои се и сопственици на куќи или станови, бројката паднала од 54 на 51 отсто, објавила вчера статистичката агенција Еуростат.

Вкупно, во земјите на ЕУ, бројот на сопственици на имот се намалил за нешто помалку од еден процентен поен.

Вкупно, 69 отсто од станарите во ЕУ се сопственици на имот, а 31 отсто се потстанари.

Уделот на сопствениците е особено висок во источните земји-членки како Романија (95 отсто), Словачка (93 отсто), Хрватска (91 отсто) и Унгарија (90 отсто).

Уделот на сопственост е најмал во Германија и Австрија, во Данска (60 проценти) и Франција (63 проценти). Надвор од ЕУ, Швајцарија има уште помал удел во сопственост од Германија, 42 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не бев во бегство, тврди Палевски, откако му беше одреден притвор од 30 дена

„Не сум бил во бество и не смеам да зборувам поради истрагата“, изјави пред новинарите првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо кога со...