fbpx

Во Кисела Вода отворен Дневен центар за лица со посебни потреби

-

Дневниот центар за лица со посебни потреби денеска свечено го отворија министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, и градоначалничката на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ.

– Ова претставува прв ваков дневен центар кој е приватен и кој се отвора во оваа општина. Како Министерство за труд и социјална политика и како Влада на Република Македонија, наш приоритет е развивање на мрежата на дневни центри за деца со посебни потреби и со пречки во развојот. Досега се отворени 27 дневни центри и шест приватни дневни центри за деца со пречки во развојот. Само оваа година Министерството за труд и социјална политика во соработка со општините во Република Макенија инвестира во отворање на седум дневни центри во различни општини, во различни градови во нашата земја, набрзо очекуваме да бидат отворени во Скопје, во Општина Центар, во Велес, Кочани, Штип, Липково и во Битола – рече Спасов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Украинците – топовско месо“ е дезинформацијата на Москва за американската помош за Украина

Изгласувањето на американската помош за Украина, Тајван и Израел прво во Долниот, па потоа и во Горниот дом на на американскиот Конгрес, беше главен мотив за реакциите од Москва во кои...