fbpx

Од вечерва дизелот поевтинува за еден, а бензините за половина денар

Моторниот бензин Еуросупер БС-95 од ноќеска на бензинските станици низ земјава ќе се продава за 81 денари за литар, додека 98-октанскиот бензин ќе чини 83 денари

-

Малопродажните цени на Еуродизел и Екстра-лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за еден денар за литар, додека бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 поевтинуваат за половина денар за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ).

Моторниот бензин Еуросупер БС-95 од ноќеска на бензинските станици низ земјава ќе се продава за 81 денар за литар, додека 98-октанскиот бензин ќе чини 83 денари за литар.

Литар дизел гориво ќе се продава по цена од 80,5 денари за литар, а маслото за горење за 80 денари за литар.

Поевтинува и мазутот, кој од вечерва ќе чини 46,001 денари за килограм.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

МОН: Нови учебници на клупите ќе ги пречекаат учениците од септември

Се печатат сите учебници од прво до седмо одделение во основното образование кои досега се одобрени од Националната комисија за учебници и ќе се применуваат во учебната 2024/2025 година....