fbpx

Тепачка во скопски „Водовод“ за тоа на кој спрат да се одржи седница на Управниот одбор

Членовите на УО не прифаќале да одат на петтиот кат да одржат состанок, но обезбедувањето не ги пуштало да влезат во канцеларијата, по што настанала тепачката 

-

Во скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“ денеска се степале членовите на Управниот одбор и обезбедувањето. Инцидентот за Мета.мк го потврдија и од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„На 03.11.2023 година во 13.30 часот лице од Управен одбор на „Водовод“ пријави дека во просториите на „Водовод“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир. Полициски службеници од ПС Центар се упатени за расчистување на случајот“, потврди МВР.

Како што објави порталот СДК, проблемот настанал откако по наредба на директорот Драган Илиевски им било забрането да држат состанок во канцеларијата на 4 кат, каде што со години се одржувале состаноци. Им било речено да одат на петтиот, најгорен кат, каде нема канцеларија туку треба да држат состанок во ходник. Членовите на УО не прифаќале да одат на петтиот кат, но обезбедувањето не ги пуштало да влезат во канцеларијата, по што настанала тепачка.

Членовите на управниот одбор на ЈП „Водовод и канализација“ беа избрани од Советот на град Скопје, каде што мнозинството го има опозициската коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Тие беа избрани во периодот додека градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, беше во добри односи со оваа партија. Директорот на претпријатието Драган Илиевски пак е назначен од Данела Арсовска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Европската комисија исплати 50 милиони евра финансиска помош за Северна Македонија

Европската Комисија оваа недела одобри заем во износ од 50 милиони евра за Северна Македонија. Ова е прва транша од тековната програма за макрофинансиска помош (МФП) за земјата. Помошта обезбедува...