fbpx

ДИЖС откри опасен отпад расфрлан на нива кај скопското село Орман

„При редовна обиколка од страна на овластениот инспектор за животна средина при Општина Ѓорче Петров на ден 10.10.2023 година лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии“, објавија од ДИЖС

-

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) информира дека откриле околу 500 до 600 тони опасен отпад расфрлан наземјиште во скопското село Орман на територијата на Општина Ѓорче Петров, соопшти Джравниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), пренесува Радио Слободна Европа на македонски јазик.

„При редовна обиколка од страна на овластениот инспектор за животна средина при Општина Ѓорче Петров на ден 10.10.2023 година лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии“, објавија од ДИЖС.

Нелегалното одлагалиште на отпадот е на две катастарски парцели во селото Орман, а овластен инспектор започнал постапка по службена должност против сопствениците.

На 18 октомври била издадена наредба на сопствениците на земјиштето да го дислоцираат опасниот отпад на соодветна локација во рок од 30 дена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Го прекрши ли Силјановска Давкова Преспанскиот договор – реакции од меѓународната заедница

Меѓународната јавност и дел од домашните политички актери јавно реагираа откако на денешната инагурација, новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова, во заклетвата не го кажа уставното име на државата. Ваквиот...