fbpx

Украинските сили одбиле повеќе од 30 руски напади

Украинските сили продолжуваат со дефанзивни операции на истокот и на југот на Украина, како и со офанзивни дејствија во секторите Мелитопол и Бахмут, при што полека го уништуваат непријателот и ослободуваат територии, утврдувајќи се на новите позиции, известува украинската агенција

-

Украинските одбранбени сили во последните 24 часа одбиле 30 напади од руските сили во шест сектори на фронтот, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина, пренесува украинската државна новинска агенција ukrinform.net.

Украинските сили продолжуваат со дефанзивни операции на истокот и на југот на Украина, како и со офанзивни дејствија во секторите Мелитопол и Бахмут, при што полека го уништуваат непријателот и ослободуваат територии, утврдувајќи се на новите позиции, известува украинската агенција.

Во текот на изминатиот ден се случиле 39 битки, при што руските сили извршиле еден ракетен, 63 воздушни напади и уште 47 напади со повеќецевни ракетни лансери. Притоа се нанесени големи штети на приватни куќи и друга цивилна инфраструктура.

Погодени биле објекти и инфраструктура во сите региони во источниот и јужниот дел на Украина, каде се водат борбите. Погодени биле повеќе од 120 население места.

Во текот на изминатите 24 часа, Военото воздухопловство на Украина извршило 10 напади на руски воени позиции, при што се нанесени штети на оружје, воена техника и команден центар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...