Изборите за покраини ја потресуваат германската политичка сцена

Лидерите на социјалдемократската СПД, Зелените и либералната партија ФДП се свесни дека изборите во покраините Баварија и Хесен всушност биле гласање за недоверба на сојузната влада

После катастрофата на покраинските избори во Баварија и Хесен - на фотографијата е германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер; Фото: Boris Roessler/dpa

Партиите од таканаречената „Семафор коалиција“ на канцеларот Олаф Шолц во неделата добија уште два врели шамара, пишува германската новинска агенција ДПА. Лидерите на социјалдемократската СПД, Зелените и либералната партија ФДП се свесни дека изборите во покраините Баварија и Хесен всушност биле гласање за недоверба на сојузната влада.

„Не сме глуви и слепи“, изјави генералниот секретар на СПД, Кевин Кинерт веднаш по затворањето на изборните места во неделата навечер.

„Изборниот резултат вклучува порака за нас“, изјави тој.

Социјалдемократите во двете покраини го впишаа најлошиот резултат во историјата на повоена Германија: во баварскиот парламент сега се петта партија по јачина со само 8,4 отсто од гласовите, а во Хесен трета и се далеку позади конзервативната Демохристијанска унија ЦДУ и десничарската Алтернатива за Германија.

Најмалата партија во владејачката коалиција – ФДП продолжи да ниже порази и во Баварија излезе од парламентот, а во Хесен едвај успеа да влезе со пратеници.

Зелените исто така изгубија значајно во споредба со претходните покраински избори, но помалку од другите партнери во сојузната влада, па во Хесен ќе можат да останат на власт во старата коалиција со ЦДУ.

Со петтина од сите германски гласачи, Баварија и Хесен го потврдија трендот на свртување на домашната политичка сцена кон десно, и тоа поприлично далеку. АФД, која е под надгледување на германските безбедносни служби поради екстремните ставои, сега вплива во мејнстрим водите и надвор од источните покраини.

Резултатот на половина пат до следните избори за Бундестагот е всушност потрес кој никој не можеше да го игнорира.

Првото прашање е дали министерката за внатрешни работи Ненси Фезер ќе остане во владата, односно на чело на покраинската СПД во Хесен, бидејќи токму таа ја водеше изборната листа. Она беше важен генератор на реформи на мигрантската политика на Германија, области од кои десничарите ги собираат поголемиот дел од поените.

ДПА пишува дека германскиот канцелар треба да одлучи и за желбата на сопствената партија повеќе и поодлучно да го вклучи членството за одредени прашања. Во СПД е појасна претставата за семафор коалицијата како разнолика групација која не е во состојба да се договори за било што.

Караниците околу клучни прашања го срушија имиџот на коалицијата и го одложија решавањето на тешките прашања, а допрва им претстоји одлучувањето за тешки и важни теми, како што е субвенцијата за индустриска струја.

Либералната партија ФДП испраќа сигнали дека ваква политика понатаму не може да се продолжи. Потпретседателот на либералите Волфганг Кубицки за Билд изјави дека од понеделник нема да може да се работи на ваков начин.

„Ова е јасен знак дека во Берлин мораме конечно да го прифатима она што ги загрижува луѓето“, рече тој. „По прашањата како што е нуклеарната енергија, законите за затоплување или мигрантската политика доследно бевме во колизија со мнозинскиот став“, додаде тој.