fbpx

Македонците поопуштено ќе користат интернет во ЕУ – роамингот поевтини за третина

38-те телекомуникациски оператори во ЕУ и Западен Балкан, лани на Самитот ЕУ-Западен Балкан, потпишаа декларација за сообразност, за значително намалување на јазот помеѓу роаминг тарифите и домашните цени меѓу ЕУ и земјите од Балканот

-

Од 1 октомври стартуваше примената на пониските цени во просек за една третина од цената која што сега ја плаќаат македонските граѓани за мобилен интернет преку роаминг кога патуваат во европските земји. Од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) информираат дека започнало намалувањето на цените за дата податоци во роаминг на Северна Македонија со земјите од ЕУ.

„Намалувањето на цените за дата податоци во роаминг, важат и за граѓаните од дијаспората и Европа, кога ќе претстојуваат во Северна Македонија. Намалувањето на цените за дата податоци во роаминг, е исполнување на Декларацијата за роаминг потпишана на Самитот ЕУ- Западен Балкан, што се одржа во декември минатата година, во Тирана“, се наведува во соопштението на МИОА.

38-те телекомуникациски оператори во ЕУ и Западен Балкан, лани на Самитот ЕУ-Западен Балкан, потпишаа декларација за сообразност, за значително намалување на јазот помеѓу роаминг тарифите и домашните цени меѓу ЕУ и земјите од Балканот.

Оваа иницијатива ќе го намали јазот помеѓу роамингот и домашните цени меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан. Воедно, намалувањето на цените за дата податоци во роаминг, ќе придонесе за поттикнување на развој на бизнисот, туризмот и зајакнување на врските помеѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан.

Исполнувањето на оваа Декларација е и уште една поддршка од ЕУ, но и силна потврда за нашата европска иднина и интензивната соработка на земјите од Западен Балкан со земјите од ЕУ, велат од МИОА.

Како што е договорено, максималните нивоа на малопродажните цени за 1 гигабајт од 1 октомври 2023 година ќе изнесуваат 18 евра, при што од 2026 година ќе се намалат на 14 евра, а од 2028 година 1 гигабајт во ЕУ ќе чини 9 евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...