fbpx

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот суд во Хаг

Портпаролот на судот, Фади Ел Абдалах, во писмена изјава изјавил дека нападот се истражува во соработка со холандските власти, а се испитува и дали зад нападот евентуално стои странска влада

-

Меѓународниот кривичен суд соопшти дека во текот на минатата недела бил извршен напад врз компјутерскиот систем на институцијата, пренесува агенцијата Асошиејтед Прес (АП). 

Портпаролот на судот, Фади Ел Абдалах, во писмена изјава изјавил дека нападот се истражува во соработка со холандските власти, а се испитува и дали зад нападот евентуално стои странска влада.

„Во иднина, Судот ќе работи на зајакнување на рамката за сајбер безбедност, вклучувајќи ја и употребата на ‘cloud’ технологија“, се вели во изјавата.

Судот, како што пренесува АП, одбил да навлегува во повеќе детали за инцидентот, но од таму изјавиле дека продолжуваат да го анализираат и ублажуваат влијанието на овој инцидент, а приоритет ќе се даде и на тоа како да се обезбеди продолжување на на основната работа на институцијата.

Пред Меѓународниот кривичен суд во Хаг се судат случаи на геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства. Информациите со кои располага судот се крајно сензитивни, а како што пишува АП, преку сајбер нападот, доколку се загрозат информациите, би можело да биде обелоденето кого сè судот сослушал како сведок во одредени постапки.

Минатата година, холандската разузнавачка агенција соопшти дека спречила софистициран обид за напад од страна на руски шпион, кој користел лажен бразилски идентитет за да работи како практикант во Меѓународниот кривичен суд во Хаг. Генералната служба за разузнавање и безбедност на Холандија тогаш соопшти дека 36-годишниот маж, идентификуван како Сергеј Владимирович Черкасов, работел за руската агенција ГРУ во сенка, а се обидел да добие пристап до базата на Меѓународниот кривичен суд, со заштитно име Виктор Мулер Фереира.

Тогаш судот ги истражувал наводите за руски воени злосторства во Украина и издал налог за апсење за воени злосторства за претседателот Владимир Путин, обвинувајќи го за лична одговорност за киднапирање деца од Украина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Број 659 на стрипот „Алан Форд“ нацртан од Вероника Гуити. Фото: Мета.мк.

За прв пат во 55 години, стрипот „Алан Форд“ го црта жена

Со мајскиот, 659-ти број на култниот италијански стрип „Алан Форд“, издавачот и сценарист Макс Бункер ја претстави уметницата Вероника Гуити како нова членка на тимот. Во уредничкиот коментар во 659-тата...