fbpx

Пендаровски: Остварлива е целта бизнисите да одвојат барем 2 отсто од годишниот обрт за развој на заедницата

Возобновувањето на „Клубот на одговорни бизниси“ на здружението „Конект“ се одржа под покровителство на претседателот, а како дел од проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“

-

За жал, тоа што во развиените земји е долга традиција, кај нас се уште е во почетните фази од развојот, рече претседателот Стево Пендаровски пред преставниците на бизнис заедницата во Скопје при синоќешното возобновување на „Клубот на одговорни бизниси“ кој има за цел да го зголеми донирањето. Навистина е потребна сета можна поддршка на овие процеси, додаде Пендаровски.

Тој рече оти верува дека целите на проектот „Партнерства за донирање“ се остварливи. Тие опфаќаат раст на нивото и опфатот на донирањето од страна на корпорациите и поединците, пониска зависност од странски донатори и поттик за хуманите поединци. Пендаровски ја посочи и целта бизнисите да наменат барем 2 отсто од годишниот обрт за развојот на заедницата.

„Се разбира, за остварување на било која цел е потребна верба, посветеност и меѓусебна соработка, а, здружени можеме да направиме разлика“, рече претседателот.

Возобновувањето на „Клубот на одговорни бизниси“ на здружението „Конект“ се одржа под покровителство на претседателот, а како дел од проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“.

На настанот се обратија и претставничката на канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија, Џери Дајбл и извршната директорка на здружението „Конект“, Никица Кусиникова.

„И до сега сме имале повеќе успешни поединечни примери на учество во различни проекти, на бизнис заедницата, во партнерство со граѓанските организации и лидерите во локалните средини, со кои се придонесува за подобар квалитет на животот на граѓаните“, рече Пендаровски.

Токму во тоа и ја гледам додадената вредност на Клубот на одговорни бизниси, кому му посакувам успех во работата и реализација на зацртаните цели, за општото добро на сите нас.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...