fbpx

Во пожарот кај селото Бељаковце изгоре куќа, на терен дејствуваат ер тракторите

На терен дејствуваат и пожарникарите од територијалната противпожарна бригада од Куманово, а во моментов постои закана по други куќи и опасност огнот да влезе во блиската борова шума

-

Од пожарот којшто изминатава ноќ беше активен кај кумановското село Бељаковце изгоре куќа, а во моментов пламените јазици ги гаснат три ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), информираат од Центарот за управување со кризи. Тие информираат дека нема жртви во овој пожар.

На терен дејствуваат и пожарникарите од територијалната противпожарна бригада од Куманово, а во моментов постои закана по други куќи и опасност огнот да влезе во блиската борова шума.

„Пожарникарите на ТППЕ Куманово беа фокусирани на заштита на куќите на ова село од разбиен тип, кои се расфрлани на неколку ридови“, информираат од Центарот за управување со кризи.

Пожарот кај селото Бељаковце започнал вчера, а надлежните власти веќе информираа дека не е првпат во изминатиов период да се појави пожар околу ова кумановско село.

Заклучно со вчерашниот ден, на територијата на Македонија имало вкупно 49 пожари, при што пет од нив биле активни пожари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(ИНФОГРАФИК) Првата жена претседател на Северна Македонија има трет најдобар изборен резултат во поновата историја

Гордана Сиљановска Давкова со самиот факт дека е прва жена претседател на Северна Македонија веќе влезе во историјата на државата на пиедестална позиција, пишува Вистиномер. Текстот подолу го пренесуваме во...