fbpx

Бесими: Владата набрзо ќе го објави деветиот пакет антикризни мерки

Ова значи дека продолжува субвенционирањето на електричната енергија за домаќинствата и парното греење во делот на ЕСМ. Има доволно средства, работиме на деветиот пакет антикризни мерки, рече министерот за финансии

-

Mинистерот за финансии Фатмир Бесими соопшти дека Владата набрзо ќе го објави деветиот пакет антикризни мерки, за кои засега има 4,55 милијарди денари. Според него, пакетот ќе биде во насока на полесно справување со предизвиците од ценовната и енергетската криза за граѓаните и компаниите.

„Ова значи дека продолжува субвенционирањето на електричната енергија за домаќинствата и парното греење во делот на ЕСМ. Има доволно средства, работиме на деветиот пакет антикризни мерки. Дополнително ќе се оди со таргетирање до крајот на годината, за поддршка на најранливите категории, рече Бесими.

Toj информираше и за донесената одлука за прераспределба на буџетот, односно зголемување на ставката плати во јавниот сектор за 4,25 милијарди денари, дополнителни 3,5 милијарди денари за раст на пензиите, дополнителни 800 милиони денари за земјоделски субвенциии, дополнителни средства за здравството и образованието. Одлуката за прераспределба на годинашниот Буџет што ја донесе Владата на денешната седница, ќе биде доставена до Собранието.

Владата го подготви зголемувањето на платите во јавниот сектор и на пензиите

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УКИМ се држи „за влакно“ – останува на 1.990 место меѓу 2.000 најдобри универзитети во светот

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) останува на 1.990-то место на листата на 2.000 најдобри универзитети во светот за 2024 година, што денеска ја објави Центарот за...