fbpx

ЕУ: Руските напади врз цивили се воени злосторства, ќе одговараат сите команданти, извршители и соучесници

ЕУ силно ги осудува руските напади врз цивили и цивилна инфраструктура во Украина и ја повикува Русија веднаш да престане со својата нехумана и незаконска агресија, соопшти Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС)

-

ЕУ силно ги осудува руските напади врз цивили и цивилна инфраструктура во Украина и ја повикува Русија веднаш да престане со својата нехумана и незаконска агресија, соопшти Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

Од ЕЕАС потсетуваат на, како што велат, грозоморниот ракетен напад што се случи вчера на пазар во Костјантинивка во регионот Донецк, кога загинаа најмалку 16 лица, меѓу кои и едно дете, а десетици беа повредени.

„Овој напад доаѓа по ескалацијата на ракетни и беспилотни напади во изминатите месеци низ цела Украина, особено врз цивилни објекти, при што само во последните две недели загинаа или беа повредени повеќе од 410 цивили. Тоа се надоврзува на секојдневното неселективно руско гранатирање и бомбардирање на позиции во близина на фронтот“, стои во соопштението.

Дополнително, ЕЕАС додава дека нападите врз цивили претставуваат воени злосторства и дека сите команданти, извршители и соучесници во нив ќе одговараат за овие дела.

Русија, исто така, ги интензивираше нападите врз клучните објекти за извоз на украинско жито, вклучително и во областите Одеса и Дунав.

„Ова дополнително покажува како Русија ја влошува глобалната криза со безбедноста на храната со својата нелегална војна за агресија против Украина, но исто така целосно ја прикажува логиката на Русија за максимизирање на својот економски профит на сметка на Украина, свесно ставајќи во опасност милиони најранливи луѓе ширум светот“, пишува во соопштението на ЕЕАС.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

МОН: Нови учебници на клупите ќе ги пречекаат учениците од септември

Се печатат сите учебници од прво до седмо одделение во основното образование кои досега се одобрени од Националната комисија за учебници и ќе се применуваат во учебната 2024/2025 година....