Грција се соочува со најтоплиот јулски викенд во последните 50 години

Поради исклучително високите температури и клучните туристички места ќе бидат затворени во најтоплиот дел од денот

-

Грција се соочува со најтоплиот јулски викенд во последните 50 години, велат синоптичарите, додека во земјата беснеат голем број шумски пожари, пишува Гардијан. 

Продолжениот топлотен бран се очекува да трае до следната недела. Министерствата издадоа апел и совети до луѓето да работат од дома, каде што е тоа можно, и да не излегуваат непотребно. Поради исклучително високите температури и клучните туристички места ќе бидат затворени во најтоплиот дел од денот.

„Овој викенд ризикува да биде најтоплиот регистриран во јули во последните 50 години“, рече вчера Панајотис Јанопулос, метеоролог на државната телевизија ЕРТ.

В недела, во Атина се очекува температурите да бидат околу 44 степени Целзиусови, а во централниот регион на Тесалија и 45 степени Целзиусови.

Официјалните лица стравуваат дека ова може да биде најлошиот топлотен бран од летото 1987 година, кога стотици смртни случаи беа поврзани со екстремните временски услови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија и регионот се прегреваат, просечните температури ќе бидат и за три степени повисоки

Топлотните бранови во Северна Македонија, како и во другите држави на Западен Балкан, ќе се зголемат по интензитет, времетраење и фреквенција, веројатно за шест до осум пати годишно. Извештајот...