За влез во Македонија на „Евзони“ се чека и по 3 часа

Ситуацијата не е поразлична ниту на „Богородица“, каде туристи чекаат за влез во Грција. Мајки и татковци со деца во рацете, на пеколни температури излегуваат од возилата да ги прошетаат наоколу, заглавени во метежот кој трае со часови

-

Колона од возила долга до три километри викендов пред граничниот премин „Евзони“ за влез во Македонија. Ситуацијата не е поразлична ниту на „Богородица“, каде туристи чекаат за влез во Грција. Мајки и татковци со деца во рацете, на пеколни температури излегуваат од возилата да ги прошетаат наоколу, заглавени во метежот кој трае со часови.

Ова е вообичаена слика на овие гранични премини во овој период од годината, кога е „шпицот“ на туристичката сезона.

Овој викенд има километарска колона и на граничниот премин „Мрдаја“ кај Дојран, каде што за влез се чека и по два до три часови.

Најбројни се македонските и српските туристи, а може да се забележат и регистарски таблички од Унгарија, Австрија, Косово, Германија, како и од други земји. Полесно се чини е за туристите кои патуваат со организиран автобуски превоз, бидејќи во лентите за автобуси, застојот не е толку голем како во оние за автомобили.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Оркестар го придружи немиот филм „Уцена“ на Хичкок во Кино Милениум

Вчеравечер во салата на Кино Милениум се одржа проекција на стар филм. Филмот беше толку стар, што доаѓа од времето пред да има звук во филмовите, кога движечките слики...