fbpx

Одбиено барањето на адвокатот на Писториус

-

Јужноафриканскиот суд го отфрли барањето на адвокатот на Оскар Писториус да не биде прифатена жалбата на обвинителството, кое бара поостра казна за параолимпиецот.

Писториус служи петгодишна затворска казна за убиство од небрежност на својата девојка Рива Стенкемп во февруари 2013 година.

Обвинителството се жали на судската пресуда и бара таа да биде коригирана во убиство со предумисла, со што Писториус би останал во затвор најмалку 15 години.

За време на судењето, обвинителството не успеа да го убеди судијата Токозиле Масипа дека Писториус намерно ја убил својата девојка, поради што го осуди на убиство од небрежност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...