fbpx

Поевтинуваат бензините, дизелот останува на старата цена

Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 се намалува за 2,5 денари за литар

-

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) денеска донесе одлука за намалување на цените на дел од горивата. Новите цени ќе бидат на сила од полноќ.

Како причини за поевтинувањето се наведени падот на цените на нафтените деривати на светските берзи, како и покачувањето на вредноста на доларот.

Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 се намалува за 2,5 денари за литар, додека малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-98 се намалува за 2 денари за литар.

Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од полноќ на сила ќе бидат следните цени:
Еуросупер БС – 95 = 82,5 денари/литар
Еуросупер БС – 98 = 85 денари/литар
Еуродизел БС (Д-Е V) = 74 денари/литар
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) = 72,5 денари/литар
Мазут М-1 НС = 41,409 денари/килограм

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...