fbpx

Просечната нето-плата во февруари изнесувала 33.720 денари

Во споредба со февруари минатата година, има зголемување на нето-платата по вработен за 13 отсто, соопшти Државниот завод за статистика

-

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2023 година, изнесувала 33.720 денари, соопшти Државниот завод за статистика.

Во споредба со февруари минатата година, има зголемување на нето-платата по вработен за 13 отсто.

„Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: градежништво (21,3 %), информации и комуникации (18,5 %) и објекти за сместување и сервисни дејности со храна (16,5 %)“, соопштува ДЗС.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: транспорт и складирање (9,7 %), рударство и вадење на камен (9,2 %) и Дејности во врска со недвижен имот (6,1 %).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Започна судењето против Трамп – прв кривичен процес против американски претседател

Во Њујорк почна судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во кривичната постапка под обвинение дека се обидел да ја прикрие исплатата на пари на порно ѕвездата Сторми Даниелс. На...