fbpx

Пендаровски: Скандалозно е барањето на Бугарија да учествува во уставните измени

Такви барања не упатуваат ни окупаторите земјите, териториите, државите кои ги окупираат. Во 21 век е апсолутно непримерно да бара, да се мешаат во внатрешната политика и внатрешните политички и уставни процеси, рече Пендаровски

-

Претседателот Стево Пендаровски го коментираше барањето од Бугарија да биде вклучена во процесот на уставните измени во земјава. Тој го оцени ваквото барање како „скандалозно“.

„Такви барања не упатуваат ни окупаторите земјите, териториите, државите кои ги окупираат. Во 21 век е апсолутно непримерно да бара, да се мешаат во внатрешната политика и внатрешните политички и уставни процеси. Во таа смисла нашиот одговор на МНР беше на место“, изјави претседателот Пендаровски.

Вчера Министерството за надворешни работи (MНР) информира дека процесот на уставни измени претставува внатрешно прашање на Република Северна Македонија, која како обврска е поврзана со пристапните преговори за членство во Европската Унија.

„Се очекува Собранието да ја донесе таквата одлука, суверено и согласно долгорочните интереси на граѓаните на Северна Македонија, претставени во парламентот и во тој контекст, не постои можност ниту политичка волја за вклучување на граѓани и институции од странство, вклучително од Република Бугарија. Такво барање ниту е пристигнато, ниту е разговарано меѓу министрите Османи и Милков. Северна Македонија останува посветена на продолжување на политичкиот дијалог со Бугарија, во духот на добрососедството и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, за што се надева на што поскоро формирање на новата бугарска Влада“, изјавија од МНР.

Во меѓувреме, земјава ги почна подготовките за промени во Уставот, со кои Бугарите ќе станат дел од него. Министерството за правда испрати дописи со барање за номинација на членови и експерти, кои можат да се пријават и да бидат дел од работната група, која треба да ги утврди амандманите за промена на Уставот.

Рокот што им го дале за да предложат експерти е до 10 април. Според претседателот Стево Пендаровски, целиот процес треба да заврши пред летото.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Град Скопје: Фирма без соодветни документи и дозвола монтира панорамско тркало пред „Борис Трајковски“

Фирма регистрирана пред само еден месец, без соодветни дозволи и документи кои гарантираат безбедност, монтира панорамско тркало и други реквизити во Општина Карпош пред арената „Борис Трајковски“, обвинува Град...