fbpx

Германски државни институции под хакерски напади

Хакерските напади врз германските институции следуваат една недела откако Германија одлучи да испрати дополнителна воена помош во вредност од 12 милијарди евра за Украина

-

Интернет-страниците на германски министерства и на покраинските институции веќе трет ден се цел на хакерски напади.

Како што објави „Шпигел“ во вторникот, интернет-страницата на Министерството за развој на Германија, каде во моментов фокусот е ставен на платформата „Реконструкција на Украина“, била два пати погодена од сајбер напади. Медиумот пишува и дека зад нападите најверојатно стојат проруски хакерски групи.

Новата платформа на интернет-страницата на ова министерство била промовирана минатата недела и има за цел да ја поддржи посветеноста на Германија за обнова на Украина. Веб-страницата е наменета да послужи како прва точка на контакт за сите кои сакаат да придонесат кон обновата на Украина.

Според интерниот ИТ извештај на ова министерство, нападите во вторникот биле особено тешки.

Како што јавуваат германските медиуми, станува збор за „DDoS“ напад, додека портпаролот на Министерството за развој за „Шпигел“ ги потврдил нападите, додавајќи дека „сите напади досега биле успешно одбиени“.

Медиумите јавуваат дека повици за напад на интернет-страницата на Министерството за развој биле упатувани на каналот на проруската група „Килнет“ на Телеграм.

Покрај веб-страницата на ова германско министерство, повремено недостапни биле и интернет-страниците на неколку германски покраини.

Инаку, хакерските напади врз германските институции следуваат една недела откако Германија одлучи да испрати дополнителна воена помош во вредност од 12 милијарди евра за Украина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Обединетите нации бараат истрага по откривање на масовни гробници во болниците во Газа

Обединетите нации (ОН) повикуваат на „независна, ефикасна и транспарентна истрага“ за откривањето на масовни гробници во две болници во Газа, кои беа опколени и нападнати од израелските војници оваа...