fbpx

Благајник од штипската болница осомничен за проневера на пари

-

Штипската полиција до надлежното Основно јавно обвинителство поднела кривична пријава против П.М. (55), главен благајник во Клиничката болница во градот, осомничен дека присвојувал пари од благајната на здравствената установа, информираат од МВР.

Според пријавата на СВР Штип, осомничениот се товари за кривичното дело проневера во службата.

Како што информираат од МВР, осомничениот во периодот од јануари 2011 до декември 2013 година, како главен благајник, проневерил, односно присвоил пари од благајната на болницата, кои биле наплатени од пациенти за полагање на стручен испит, вршење лекарски прегледи на кандидати за возачи, издавање на лекарски уверенија и препис на документација.

Според полицијата, осомничениот проневерил сума од 966.030 денари или околу 15.700 евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не бев во бегство, тврди Палевски, откако му беше одреден притвор од 30 дена

„Не сум бил во бество и не смеам да зборувам поради истрагата“, изјави пред новинарите првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо кога со...