fbpx

Јанкулоска нема гајле, не сменила ниту број, ниту телефон

-

Министерката Гордана Јанкулоска, чии разговори со нејзиниот колега од ресорот финансии, Зоран Ставрески, најчесто се слушаа на прес-конферециите на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, не ги сменила броевите, ниту апаратите, а нема промени ниту во секојдневната комуникација преку телефон, ни рече (по телефон!) помошникот-министер за односи со јавност, Иво Котевски, кој, исто така, е еден од прислушуваните.

– Ние не можеме да ја укинеме телефонската комуникација. Министерката сè уште ги користи истите телефонски броеви, а моделите на мобилните телефони повремено ги менува – вели Котевски за „Мета“.

Од последните аудиоснимки што беа објавени вчера, во дел од еден од снимените разговори со Ставрески, можевме да слушнеме дека Јанкулоска користи или користела модел на „Ајфон“.

Кандидатот на СДСМ за претседател на последните претседатески избори, Стево Пендаровски, вели дека користи „блекбери самсунг“ и по аферата не го сменил телефонскиот број.

– Бројот го менувам ако евентуално факултетот каде што работам прави промена на операторот. Во периодот за кој имам информации дека сум бил прислушуван, еднаш го сменив бројот, но и тој го „фатија“ – вели Пендаровски за „Мета“.

Kои броеви и модели телефони сега ги користат претседателот на државата, функционерите во Владата, во Министерството за внатрешни работи (МВР) и во Министерството за финансии?

Ги прашавме дали по откривањето на аферата и по објавувањето на телефонски разговори во јавноста, биле променети системите и начините на комуникација, односно дали највисоките државни функционери ги смениле телефонските апарати и броевите што досега ги користеле министрите и политичарите? Дали ги задржаа старите или по објавените снимки од телефонските разговори и од следењето на нивната комуникација, нешто смениле и колку оваа афера влијае на секојдневната комуникациска рутина во државните институции и меѓу министрите?

Од Кабинетот на претседателот досега не добивме никаков одговор иако прашањата ги испративме уште пред пет дена. Од другите, исто така, нема одговор.

За разлика од кај нас, по откривањето на скандалот (од поранешниот службеник на Националната агенција за безбедност на САД (НСА), Едвард Сноуден), дека агенцијата со години го прислушувала мобилниот телефон на германската канцеларка, Ангела Меркел, медиумите пишуваа дека канцеларката е голем ентузијаст кога станува збор за комуникација преку мобилната мрежа. Поради ова, од блиското опкрушување го добила прекарот „мобилната канцеларка (die Handy-Kanzlerin)“ („Handy“ е германски термин за мобилен телефон).

Лондонски „Гардијан“ тогаш пишуваше, повикувајќи се на новинарски извештаи од 2009 година, дека Меркел го опремила својот телефон со енкриптирачки чип за да не можат да ѝ го прислушуваат телефонот. Според информациите, уште 5.250 други министри, советници и важни јавни службеници биле опремени со идентична енкриптирачка технологија.

Едно од првите прашања што ѝ беа поставени на Меркел по откривањето на скандалот беше дали го сменила бројот на телефонот и апаратот? Одговорот беше: „Не, не ги сменив“.

Запрашан како ќе комуницираат со германската канцеларка на Самитот на ЕУ во Брисел во 2008 година, францускиот претседател Франсоа Оланд изјави: „ Ќе си вртиме на мобилните телефони и ќе си пишуваме СМС-пораки“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...