fbpx

Акција за ослободување на Тикрит

-

Операција за заземање на градот Тикрит, кој е под контрола на џихадистите, почна ирачката армија поддржана од сојузничките шиитски и сунитски борци.

Владините сили го напаѓаат родниот град на Садам Хусеин, со поддршка од артилеријата и од воени авиони.

Неколку часа пред операцијата, ирачкиот премиер Хајдер ал Абади ги повика сунитските племенски борци да ги напуштат редовите на Исламска држава и им вети помилување.

Тикрит е 130 километри северно од Багдад, а под контрола на ИД е од минатото лето.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Честитки за победата на ВМРО-ДПМНЕ на двојните избори од Гир, Вархеји, Пленковиќ и Лосон

Честитки за победата на претседателските избори доби денеска Гордана Сиљановска-Давкова. Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска преку објава на Икс ѝ ја честиташе победата. „Очекувам тесна соработка со неа за европската иднина на...