fbpx

МВР: Марихуана, прашкаста материја и таблети пронајдени кај девет лица во Струмица

-

За време на одржување на музички настан во градскиот парк во Струмица пронајдена е дрога кај девет лица, информираат во Министерството за внатрешни работи.

„Во периодот вчера од 18 часот до 6 часот на 8 септември, за време на одржување на музички настан во градски парк во Струмица, полициски службеници од секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода С.С. (26), Д.С. (20), Г.Б. (28), М.А. (45), А.С. (24), А.М. (25) и А.Б. (28), сите од Скопје, Џ.Б. (40) од Струмица и А.А. (19) од Кавадарци. При преглед над лицата била пронајдена и одземена марихуана, прашкаста материја, таблети“, соопшти МВР.

Оттаму додаваат дека по целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...