fbpx

Двајца Руси и Украинец уапсени при обид да влезат во албанска фабрика за оружје

-

Двајца албански војници се повредени спречувајќи двајца руски и еден украински државјанин кои се обиделе да влезат во фабрика за воена опрема во централна Албанија,јавија балканските новински агенции.

„Тројца државјани со руски и украински пасош се обидоа да влезат во фабриката. Војниците кои ја обезбедуваа фабриката одговорија без одлагање, но при нивните напори да ги спречат тројцата странци, двајца војници беа повредени“, соопшти на 20 август албанското Министерство за одбрана.

Уапсени се тројца странски државјани, додаваат од Министерството.

Во близина на кругот на фабриката бил пронајден непознат државјанин со камера во раката, кој се обидувал да ги фотографира објектите.

Во моментот кога двајца војници кои го обезбедувале објектот го забележале и му пришле да го застанат и да го уапсат, странскиот државјанин возвратил со анестетик во спреј, но војниците кои го обезбедувале погонот успеале да го совладаат, објаснуваат од полицијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...