„Имаме пет мали јужноамерикански коати кои се постојано со својата мајка и затоа се уште не го знаеме полот. По четвртиот месец ќе почнат и самостојно да јадат, а дотогаш ќе бидат во топлата прегратка на мама“, информираат денеска од Зоолошката градина во Скопје.
Минатиот месец во Зоолошката градина се родија бебе-лама, пртсеноопашест лемур, бебе од видот двогрба камила и берберска овца, а во март по повеќе од 20 години се родија нови лавчиња.
Во Зоолошката градина во Скопје неодамна се родија и две мали бели волчиња од загрозениот вид Арктички волк, но за жал едно од нив почина.
По повеќе од 20 години во ЗОО – Скопје се родија три лавчиња [Фото]