Повик до деца и млади за изработка на концепт за видео игра на тема „Заштита на животната средина“

Photo by Fredrick Tendong on Unsplash

Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии (УМПАКИ) во рамките на проектот „Видео игротека“, распиша повик за изработка на концепт за видео игра на тема „Заштита на животната средина“. Како што информираат од УМПАКИ, повикот е отворен за деца и млади на возраст од 7 до 18 години.

Сите заинтересирани ќе треба да смислат концепт за видео игра, и тоа децата на возраст од 7 до 12 години да приложат идеја и цртеж, а младите на возраст од 13 до 18 години да приложат концепт и 2Д/3Д цртеж (концепт арт или дизајн) за играта. Идеите ќе ги оценува стручно жири составено од програмери, гејмери, професори, а најдобриот концепт ќе добие награда.

Предлозите за концепти за видео игри треба да се испратат најдоцна до 31 мај 2022 година по електронска пошта на: [email protected] или на [email protected].