fbpx

Николовски: Србија одобри извоз на 2 милиона тони масло за јадење, 2.000 тони се веќе одобрени за земјава

-

На вчерашната седница српската Влада донесе одлука за извоз на два милиона литри масло за јадење. Одлуката е објавена денеска. Со тоа влегуваме во имплементација на договореното – да се тргне „рампата“ за основните производи, пченицата и пченката, и да почне реализацијата на договорите, соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, извести ТВ 21.

Како што рече Николовски, одговорајќи на новинарски прашања по доделувањето на договорите за набавка на педигриран добиток, храна, брашно и зејтин има, нема потреба од паника и складирање резерви во домаќинствата.

„Процесот е почнат, околу 2.000 тони се веќе одобрени, продолжуваме со комуникацијата со Србија и регионот во рамки на „Отворен Балкан“. Храна, брашно и масло има доволно, направен е увид во залихите. Граѓаните да не паничат, но и информациите да се пренесуваат јасно, транспарентно и вистинито. Фактот што се набавуваат два или три пати повеќе зејтин, говори дека домаќинствата непотребно складираат“, рече Николовски.

Се прават сите напори, нагласи министерот уште еднаш, за обезбедување доволно суровини и производи стратешки за државата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...