fbpx

Про-руската партија на Јанко Бачев како дел од притисокот на ВМРО-ДПМНЕ кон малите партии

-

Отворено про-руската вонпарламентарна политичка партија на Јанко Бачев, испрати соопштение до јавноста насловено како „Единствена Македонија до ДС, ЛДП, ДОМ и ВМРО-НП: Ако вистински сакате една изборна единица зграпчете ја шансата од ВМРО-ДПМНЕ“.

Тие ги повикуваат Демократски сојуз на чело со Павле Трајанов, Демократска обнова на Македонија со Маја Морачанин, Либерално-демократската партија со Горан Милевски и ВМРО-Народна партија со Љубчо Георгиевски да го поддржат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на т.н. „пржинска“ техничка влада. Со тоа, како што велат од про-руската партија, „се отвора патот за измена на Изборниот законик со една изборна единица“.

Единствена Македонија, потоа, зборува во име на најголемата опозициска партија велејќи дека „ВМРО поддржува една изборна единица доколку овие партии се охрабрат и поддржат превремени избори“.

Инаку, ВМРО-ДПМНЕ секојдневно врши притисок кон помалите партии кои се дел од владејачкото мнозинство кое во моментов брои 64 пратеници. Помалите партии сите заедно имаат пет пратеници и доколку притисокот на ДПМНЕ и про-руската Единствена Македонија успее, ќе падне власта.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...