Владата на печатените медиуми годинава ќе им додели субвенции од 30 милиони денари

-

Владата на вчерашната седница ја донесе Одлуката за одобрување средства од Буџетот за 2021 година за реализација на Програмата за поддршка за печатените медиуми.

„Согласно одлуката, 30 милиони денари ќе им бидат распределени на 11 медиумски компании кои ги исполниле условите на јавниот повик за поддршка за печатење и дистрибуција“, соопштуваат од Владата на РСМ.

Програмата за поддршка на печатените медиуми е во насока на заштита на плурализмот во областа на медиумите и се реализира четврта година по ред. Целта е да се реализираат активности за поддршка на печатените медиуми од општ и информативен карактер.

Инаку, од државниот буџет со субвенциите на печатените медиуми во земјава им се исплаќаат средства за направените трошоци за печатење и дистрибуција. Критериум за доделување на средствата е печатените медиуми да бидат од општ информативен карактер, коишто објавуваат содржина насочена кон непрекинато информирање на јавноста за тековните политички, економски, социјални и културни прашања.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...