петок, 15 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: печатени медиуми | 14 резултати

Владата додели финансиска поддршка од 488.000 евра на 11 печатени медиуми

декември 30, 2020

Програмата за поддршка на печатените медиуми дизајнирана во насока на заштита на плурализмот во областа на медиумите во соработка со сите засегнати страни се реализира веќе трета година по ред, информираат од Влада. „Финансиска поддршка е доделена на оние печатени медиуми кои ги имаат исполнето сите обврски кон државата и кон вработените за 2019 година. […]

Строгите ограничувања на медиумска концентрација спречуваат развој на медиумите

септември 17, 2020

Промена на сите сегашни ограничувања за концентрација на медиумската сопственост, како и процена кои од ограничувањата треба да останат во актуелното медиумско опкружување со цел да се заштити медиумскиот плурализам во земјава. Ова е клучна препорака на двајца медиумски експерти, кои изминатиот период направија студија во врска со плурализмот на медиумската сопственост во новото медиумско […]

СДСМ со неколку ветувања за развојот на медиумската сфера во новиот мандат

септември 3, 2020

Владејачката СДСМ пред изборите на медиумските организации јавно им вети брзо формирање на новите управувачки органи на Македонската радио-телевизија и на медиумскиот регулатор во рамките на медиумските реформи. Одговарајќи на јавно упатените прашања од страна на Здружението на новинари на Македонија и на другите новинарски и медиумски организации, СДСМ вети дека веднаш по заокружување на […]

Ковид-19 годинава го истисна од агенда прашањето за реформи во медиумскиот сектор

јули 17, 2020

Прашањето за реформи во медиумскиот сектор во првиот квартал од 2020 година речиси воопшто не било на дневен ред на носителите на политики и одлуки во земјава, се вели во извештајот „Мониторинг на медиумските реформи и работата на АВМУ и МРТ“ на Центарот за развој на медиуми. Ковид-19 го потисна од агендата прашањето за медиумски […]

Владата го зголеми просторот за политички реклами во предизборната кампања во медиумите од 10 на 15 часа

јуни 23, 2020

Министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски на денешната прес-конференција потврди дека времето за платено политичко рекламирање во медиумите за време на изборната кампања е зголемено од 10 на 15 часа. Владата на вчерашната седница донесе измени и дополнувања на Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборите за пратеници во Собранието […]

Јавните пари во медиумите ја убија новинарската критика (инфографик)

февруари 13, 2020

Државата повторно станува еден од најголемите огласувачи во медиумите, со што се отвара можност политичките партии да влијаат на начинот на известување на новинарите. Од 2015 година, кога под притисок на новинарските здруженија и на меѓународниот фактор, владата на Груевски беше принудена да прогласи мораториум на владиното рекламирање, последните две години количеството на јавни пари […]

„Слободен печат“, „Вечер“ и „Нова Македонија“ добија 500.000 од вкупно 712.000 евра владини субвенции (инфографик)

февруари 11, 2020

Владата го објави списокот со 12-те печатени медиуми што добија субвенции преку Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатени медиуми за 2019 година. Според објавените владини податоци, на повикот за финансиска поддршка за минатата година биле доставени вкупно 16 барања, за кои биле предвидени околу 810.000 евра. Од нив, одобрени се 12 барања […]

12 печатени медиуми ќе поделат 710.000 евра субвенции за печатење и дистрибуција

февруари 5, 2020

На 12 медиуми им се распределени околу 710.000 евра од владината Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатени медиуми за 2019 година. Ова било одлучено на вчерашата седница на која е констатирано дека на повикот за финансиска поддршка за 2019 година пристигнале вкупно 16 барања, од кои критериумите ги исполниле само 12 медиуми. […]

Довербата во медиумите во Македонија меѓу најниските во Европа

март 20, 2018

Според најновиот извештај на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), довербата во медиумите кај граѓаните на Македонија е меѓу најниските во Европа и дури и  опаѓала во изминативе пет години. Во анализата што се темели претежно на 88-от извештај на Еуробарометар, се вели и дека ниската доверба на македонските граѓани во медиумите е во тесна врска и […]

Што препорачува Прибе за медиумите: Ослободување од ДДВ, намалени даноци…

септември 15, 2017

Констатирајќи дека состојбата на медиумите во Македонија е поприлично лоша, вториот извештај на Рајнхард Прибе објавен вчера, дава низа препораки за подобрување на медиумската сфера. „Спроведувањето на сите препораки, вклучувајќи ги и главните препораки од 2015 година, е неопходно за справување со системските проблеми на медиумите“, се вели во извештајот. Владата мора да стори сè за […]

Страна 1 од 1