fbpx

Нови 333 случаи на ковид-19 од направени 2.547 тестирања

-

Во последното деноноќие регистрирани се 333 нови случаи на ковид-19 од направени 2.547 тестирања, информира Министерството за здравство.

Најголем дел од новите случаи се во Скопје – 152, потоа Битола – 33, Охрид – 20, Кавадарци и Струмица – по 16, Прилеп –14, Куманово и Делчево – 10.

За истиот период се починати 19 лица како последица на болеста ковид-19 на возраст од 38 до 91 година. Сите починале во болнички услови, а од нив шестмина од Скопје, 5 од Битола, двајца од Велес и по едно лице од Штип, Пробиштип, Кавадарци, Кочани, Гевгелија и Македонска Каменица.

Регистрирани сe 309 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 1.467.751 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 215.009, бројот на оздравени пациенти е 199.064, на починати е 7.547, а бројот на активни случаи изнесува 8.398.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Недоследно е по 2016 година ДУИ да зборува за волјата на граѓаните

Не може волјата на гласачите еднаш да се толкува на еден начин, а другпат на друг. Токму така се однесува ДУИ кон волјата на гласачите од 2006 година досега,...