fbpx

Единствена Македонија: Лошиот резултат на локалните избори поради саможртвата за ВМРО-ДПМНЕ

-

Про-руската партија „Единствена Македонија“ соопшти дека нивниот лош резултат на локалните избори, меѓу другото, е поради нивната „саможртва“ и поддршката на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што соопшти партијата, претседателот Јанко Бачев се состанал со носителите на 33 советнички листи и дискутирале за резултатите од изборите и причините зошто освоиле 5.120 гласа. Покрај одредени субјективни слабости, на средбата биле нотирани и објективни причини за неостварување на подобар резултат.

„На пример, партијата на локалните избори свесно направи саможртва со повлекувањето на веќе утврдените кандидати за градоначалник во 15 општини и подржувањето на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од Единствена Македонија.

Оттаму додаваат дека не сакале да прават штета со изборот на градоначалници поради мнозинскиот систем на избори при што градоначалник станува тој што има еден глас повеќе.

„Затоа беше потребна опозициска сплотеност и единство за кандидатите за градоначалници предложени од ВМРО-ДПМНЕ“, децидни се од Единствена Македонија.

Затоа, како што велат, уште пред изборите најавиле дека ова не се вообичаени локални избори и дека „на 17 октомври треба да започне падот на марионетската влада која плива во безаконие, корупција, криминал, непотизам и национално предавство“.

„И еве, после изборите доаѓа потврдата“, велат од Единствена Македонија.

Како втора причина за лошиот резултат, од партијата го сметаат фактот што имаше над 60.000 неважечки ливчиња. Тие сметаат дека на голем дел од овие ливчиња бил заокружен бројот 19, со кој настапувала партијата. Исто така, велат дека не го добиле и потребниот медиумски простор за пропаганда на своите кандидатски листи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пендаровски и Џафери со честитки по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Премиерот на преодната Влада, Талат Џафери, како и претседателот Стево Пендаровски, упатија честитка до граѓаните по повод 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот. „Како држава, треба секогаш да размислуваме...