Вчера, во Културниот Центар во Ѓорче Петров се одржа изложбата на оригинални дела на големиот шпански уметник и сликар Пабло Пикасо. Покрај слики, изложени беа и керамички предмети, скици и цртежи кои Пабло ги работел во раните години на својата кариера.
Фотографии: Мета.мк
Колекцијата ја сочинуваа 21 оригинално дело, вклучувајќи 5 керамики и литографии, на шпанскиот уметник. Истите опфаќаа временски ранг од почетокот до втората половина од XX век, односно дела креирани во текот на целиот негов живот.
Изложбата ја организираше галеријата „Остен – уметност на хартија“, и тоа по втор пат во Македонија од 2011 година. Настанот беш посетен од голем број на љубители на уметноста, значајни лица од македонската уметничка сцена.
Меѓу нив, присутен беше и претседателот на Република Северна Македонија, г-динот Стево Пендаровски.