Скопјани имаа можност накратко да погледнат оригинални слики, цртежи и скици од Пикасо

Глава на жена, литографија 1905 | Фото: Мета.мк

Вчера, во Културниот Центар во Ѓорче Петров се одржа изложбата на оригинални дела на големиот шпански уметник и сликар Пабло Пикасо. Покрај слики, изложени беа и керамички предмети, скици и цртежи кои Пабло ги работел во раните години на својата кариера.

Фотографии: Мета.мк

 

Колекцијата ја сочинуваа 21 оригинално дело, вклучувајќи 5 керамики и литографии,  на шпанскиот уметник. Истите опфаќаа временски ранг од почетокот до втората половина од XX век, односно дела креирани во текот на целиот негов живот.

Изложбата ја организираше галеријата „Остен – уметност на хартија“, и тоа по втор пат во Македонија од 2011 година. Настанот беш посетен од голем број на љубители на уметноста, значајни лица од македонската уметничка сцена.

Меѓу нив, присутен беше и претседателот на Република Северна Македонија, г-динот Стево Пендаровски.

Фото: Мета.мк