fbpx

ДИК: Излезноста е 3,28 отсто, на некои гласачки места има проблеми со уредите за биометриска идентификација

-

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски на прес-конференција истакна дека според податоците кои пристигнале од 1.325 избирачки места до 9.30 часот вкупен број на избирачи кои гласале е 23.468 или 3,28 отсто.

Според него, гласањето во најголем дел од нив се одвива непречено, но има пријавени потешкотии со биометриска проверка на секој одделен гласач.

„Во одредени избирачки места, кои се во помал број, се појавија одредени потешкотии околу ракувањето со уредите, дел од нив веќе се надминати, а дел тековно се отстрануваат со помош на техничките лица на самите избирачки места. Во некои избирачки места каде поради лоши отпечатоци не можат да се препознаат, гласањето тече со оставање отпечток во хартиениот избирачки список, во кои се запишани гласачите и им се овозможува да гласаат понатаму,“ изјави Даштевски.

Тој информираше дека ДИК испратиле известување до сите општински изборни комисии, дека онаму каде што има проблем со биометриската идентификација, односно отпечатокот на прст на гласачот не е препознаен на уредот, тогаш тој може да гласа според стариот начин, односно да е идентификуван во избирачкиот список и со употреба на спреј и УВ-ламба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...