fbpx

Тодоров бил разочаран, но не чувствувал одговорност за смртта на Тамара

-

Министерот за здравство, Никола Тодоров, бил многу разочаран, но не чувствувал одговорност за смртта на малата Тамара бидејќи, како што рече, направил сè за девојчето да отпатува на операција во странство, објави „Нова ТВ“.

Ова министерот Тодоров го изјавил денеска на отворањето на проектот „Дисперзиран логопед“, за кој медиумите добија покана шест минути пред почетокот на настанот.

По еден ден молк, Тодоров се појави во јавноста на отворање на логопедски центар во поликлиниката „Букурешт“. Не кажа ниту збор за одговорност или оставка. Вината сега се префрла на тимот од лекарите од Турција, кои требало да се состанат и да закажат термин за операција, без да се објасни што се чекало цели три години.

– Чувствувам разочарување, но морам да објаснам дека не сум јас тој кој одолговлекувал. Кога слушнав за овој случај, кој навистина ме погоди, ја викнав директорката на Фондот и таа се заложи, се најдоа средства. Беше повикан еден од врвните хирурзи за спинална хирургија од Турција, кој рече дека операцијата не може да се изведе во Македонија и предложи да ја направи тим од експерти од различни болници во Турција. Терминот требаше да биде одреден овие денови, на 8 или на 9 јануари, но, за жал, таа не издржа. Мислам дека сè што беше во моја моќ да направам, направив, дури повеќе од тоа, но, очигледно, не било доволно. Жалам за овој немил настан и искрено сочувствувам со семејството –  изјави министерот Тодоров, а пренесе „Нова ТВ“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...