fbpx

Трета доза вакцина за постари од 60 години, здравствени работници и имунокомпромитирани пациенти

-

Согласно препораките на Американска агенција за лекови и ЕМА, како и анализите на кои се работеше во изминатиот период за тоа кои лица треба да примат трета доза вакцина, Комитетот за имунизација донесе одлука околу трета бустер доза, истакна министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција.

„Сите граѓани постари од 60 години, здравствени работници независно од возраста и пациентите кои имаат трансплантации, на дијализа или имаат имунокомпромитирана здравствена состојба, по 6 месеци од извршена комплетна вакцинација, ќе добијат трета доза на вакцина,“ изјави Филипче.

Тој додаде дека вакцинација со трета доза ќе се врши исклучиво со вакцина од производителот „Фајзер“ и согласно анализите, ваквата одлука е во насока на заштита на оние кои се најранливи и подложни на лоша клиничка слика при евентулано заразување од вирусот.

Вакцинацијата со трета доза на вакцина ќе се врши со покана до граѓаните за термин преку СМС порака, онака како што се вршеше и на почетокот при приоритизација на критичните групи на граѓани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...