fbpx

Народна банка: Надворешниот долг на земјава се намалил за 95 милиони евра

-

На крајот на првиот квартал од 2021 година, нето надворешниот долг изнесува 3.297 милиони евра (или 28,4 отсто од БДП), што претставува квартално намалување за 95 милиони евра, објави Народната банка на Северна Македонија (НБРСМ) во редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција.

НБРСМ посочува дека, од аспект на структурата, и понатаму поголемо учество во вкупниот нето-долг има приватниот нето-долг (од 61 отсто). Бруто надворешниот долг изнесува 9.833 милиони евра (84,8 отсто од БДП) и забележал квартално зголемување од 1.203 милиони евра. Додека бруто надворешните побарувања изнесуваат 6.537 милиони евра (56,4 отсто од БДП), што е зголемување од 1.298 милиони евра

„Негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП), изнесува 6,985 милиони евра, или 60,2 отсто од проектираниот БДП за 2021 година, а на квартална основа бележи намалување за 35 милиони евра. Од аспект на структурата на нето МИП, најголемиот дел, или 83 отсто, се нето-обврски врз основа на директни инвестиции, главно врз основа на сопственички капитал“, соопштија од НБРСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

Сиљановска-Давкова е претседателски кандидат, а за неколку дена ќе се знае дали ќе биде идниот претседател на државата. Затоа е чудно што онака ноншалантно кажува да не се очекува...