fbpx

СДСМ Охрид: Овластена „правничка“ без диплома решавала за урбанистичките предмети

-

Општинската организација на СДСМ од Охрид обвини дека овластена „правничка“ без диплома решавала за урбанистичките предмети, односно за судбината и за имотите на голем број граѓани.

– Со овој скандал само се потврди незаконското работење во општинската администрација, самоволието на ВМРО-ДПМНЕ при вработувањата партиски кадри и нивниот крајно несериозен однос кон граѓаните на Општина Охрид – велат од партијата.

Речиси две години, заклучно со 31 јануари 2015 година, лице вработено со договор во Општина Охрид работеше како правник во Секторот за урбанизам, иако не е дипломиран правник. Во тој период двапати бил објавуван оглас за нејзино вработување во Општината, но таа ниту еднаш не аплицирала поради тоа што немала диплома за завршен факултет.

Од локалната самоуправа одговорија дека истото лице било ангажирано и од претходниот градоначалник од СДСМ.

Од СДСМ велат дека е точно дека истото лице претходно било ангажирано од поранешниот градоначалник на работни задачи во истиот сектор од 26 јануари 2012 година, но тогаш се работело за волонтерски договор, односно за привремен волонтерски работен ангажман на проект. Ангажираното лице извршувало само помошни административни работни задачи, а нејзиниот работен ангажман бил прекинат по неколку месеци.

– Веднаш по промената на локалната власт, истото лице повторно било работно ангажирано со договор во Општина, како партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ. Но, сега, вработената била распоредена да извршува стручни правни работи, без притоа да ѝ биде побарана диплома за завршен правен факултет. За скандалот да биде уште поголем, вработената подолг временски период ги потпишувала урбанистичките решенија во Одделението за спроведување урбанистички планови, со овластување издадено од градоначалникот Бакрачески – соопштија од СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Кина не го одбила дипломатскиот статус на Фон дер Лајен, ниту, пак, таа чекала ред со редовните патници

Објавата погрешно интерпретира настан стар повеќе од една година, односно посетата на претседателката Урсула вон дер Лајен на Народна Република Кина. Никаде не се споменува дека ѝ бил одбиен...