Фото: Општина Охрид

Општина Охрид започна со поставување на заштитни брани со мрежа на реките од сливното подрачје на Охридско Езеро.

Целта на овие метални механизми е да се заштити животната средина и да се спречи влевањето на најразлични видови на цврст отпад во езерските води.

Ваква брана беше поставена на реката Сушица, а во текот на наредниот период вакви заштитни мрежи ќе бидат поставени и на останатите речни корита.