fbpx

СДСМ бара водата да поевтини за 30 проценти

-

Советничката група на СДСМ и на коалицијата во Советот на Град Скопје поднесе иницијатива за намалување на цената на водата за пиење за 30 проценти. Тоа би значело дека од сегашните 29,39 денари за еден кубен метар вода, кои ги плаќаат граѓаните, отсега би плаќале по 20,57 денари, рече на денешната прес-конференција Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.

– Иницијативата ја поднесовме од повеќе причини: зголеменото ниво на сиромаштија кај граѓаните и намалената куповна моќ. Водата е еден од основните природни ресурси за живот и мора да остане достапна за сите граѓани. ЈП „Водовод и канализација“ има пари за луксузна барокна административна зграда од минимум 10 милиони евра. Кога веќе има пари да се луксузира, најмалку што може да направи е да ја намали цената на водата за граѓаните. Се надеваме на поддршка од сите советнички групи во Советот бидејќи од намалувањето на цената за водата, корист ќе имаат сите граѓани на Скопје, без разлика на нивната национална, верска или политичка определба – рече Манчевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...